Почина легендарниот Иван Гудељ


screenshot-2026-09-02-131705.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иван Гудељ, поранешен југословенски фудбалер, почина на 67-годишна возраст.


Според хрватските медиуми, Гудељ почина по тешка болест.

Станува збор за прославениот фудбалер на Хајдук Сплит, кој во текот на својата кратка кариера ги бранеше само боите овој клуб.

Го игра последниот натпревар против Црвена Звезда, при што падна на земја откако почувствува болка во мускулите. Токму во тој момент, кога се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, му беше дијагностициран хепатитис Б, по што ја заврши кариерата во 1986 година.

Гудељ беше еден од најдобрите на просторите на поранешна Југославија, а имаше само 25 години.

Меѓу неговите успеси е признанието за најдобар млад играч во Европа во 1979 година, беше вклучен во идеалните 11 на Светското првенство во 1982 година, а беше и најмладиот капитен во историјата на југословенската репрезентација.

Одигра 362 натпревари за Хајдук и постигна 93 гола, додека го носеше дресот на репрезентацијата во 33 наврати.

Со сплитскиот клуб, тој го освои шампионатот во сезоната 1978/79, како и два Купа „Маршал Тито“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK