Француската полиција го истражува случајот на 18-годишниот Клемен Л., кој на 21 август 2026 година во Нантер беше обвинет за организирање разбојничка група.
Младиот човек е осомничен дека е еден од водачите на серија напади врз куќи и планирани киднапирања.
Според истрагата, од 11 април до 19 август, групата подготвувала или извршувала напади на различни локации во околината на Париз и Бургоња. Целта наводно биле сопственици на компании, еден рапер и фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.
На Клемен Л. му е наредено да биде притворен и сместен во самица, додека неговиот наводен соучесник е пуштен да се брани од слобода со судски надзор.
Обвинителството пред апелациониот суд во Версај истакна дека станува збор за млад човек кој веќе бил во затвор за тешки кривични дела, а сега повторно се нашол во центарот на истрага во која се вклучени познати јавни личности.
„Овој млад човек веќе беше во затвор поради сериозни дела, а сега го наоѓаме во нов случај во кој се вклучени рапер и познат фудбалер“, рече заменик-обвинителката, објаснувајќи дека изолацијата е мерка што може да спречи продолжување на криминалните активности.
Мбапе, според досегашните информации, не е осомничен ниту обвинет во овој случај, но неговото име се појавува како наводна цел на планираното киднапирање.
Foto/ Depositphotos