„Човекот за дронови“ на Трамп поднесе оставка по конфиктот со Хегсет?


13117340.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретарот на американските копнени сили, Ден Дрискол, поднесе оставка од Белата куќа по месеци тензии со министерот за одбрана Пит Хегсет, изјави извор запознаен со ситуацијата за Ројтерс.


Дрискол, за кого официјални лица велат дека е близок до потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, е последниот во низата високи функционери кои се отпуштени или исфрлени од Пентагон на Хегсет. Ова се случува во време кога САД остануваат во војна со Иран, а илјадници американски војници се распоредени на Блискиот Исток.

Не е познато дали Белата куќа ја прифатила неговата оставка. „Дрискол изрази загриженост до администрацијата за трансформацијата и подготвеноста на војската и блокирањето на тие напори од страна на Хегсет, особено со отпуштање на генерали кои беа одговорни“, рече изворот, осврнувајќи се на напорите на Дрискол за модернизација на војската.

Американската војска одби да коментира за веста, која прв ја објави „Волстрит журнал“.

„Човекот за дронови на Трамп“
Дрискол беше потврден на функцијата во февруари 2025 година. Тој се залагаше армијата да биде побрза и пофлексибилна во набавката на поевтино оружје, а исто така ги критикуваше и големите производители на оружје. Секретарот на копнеите сили е одговорен за обука и опремување на војската.

За време на неговиот мандат, Дрискол беше еден од најгласните застапници за побрза модернизација на американската војска, особено развојот и помасовна употреба на беспилотни летала и други нови технологии. Како резултат на тоа, тој често беше нарекуван „Човекот на Трамп за дронови“.

Еден американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Хегсет го сметал Дрискол за закана во Пентагон и долго време сакал да го отстрани. „Сепак, врските на Дрискол со Венс му го отежнале таквиот потег“, рече функционерот.

Дрискол веќе привлече внимание надвор од Пентагон кога Трамп го назначи да преговара со Москва и Киев за да се стави крај на војната во Украина, невообичаена дипломатска задача за секретарот на копнените сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK