Мишел Монаган објави фотографија во бикини и со тој потег ги „сруши“ мрежите. Луѓето не можат да поверуваат како изгледа на 50 години.
Имавме можност да ја засакаме актерката Мишел Монаган во серијата „True Detective“, а таа доби голема популарност и во ТВ серијата „The White Lotus“. Ја гледаме на големи настани, каде што привлекува погледи и воздишки, а ужива и голема популарност на мрежите.
Неодамна објави серија фотографии од тропски одмор, а посебно внимание привлече со својата завидна фигура во шарено бикини.
Мишел позираше во кристално чистото море за фотосесијата, опкружена со недопрена природа и препознатливи пејзажи од овој регион.
View this post on Instagram
„Максимално уживам во Индонезија“, кратко напиша актерката покрај објавата, покажувајќи ја својата витка фигура што многу жени би ја посакале.
Серијата фотографии привлече големо внимание од јавноста, а многу обожаватели напишаа комплименти за нејзиниот изглед.
„Вау! Изгледаш неверојатно“, напиша еден обожавател, додека друг ѝ рече дека Индонезија е нејзино „природно живеалиште“.