Наместо гламурозни изданија и атрактивни модни комбинации, Џенифер Лопез овој пат реши да ни покаже малку поинаква атмосфера – работната.
Таа објави интересна фотографија на Инстаграм на која ја прикажува својата „канцеларија“ и еден од нејзините работни денови. Џеј Ло седи во кадата, држи лаптоп и ужива во прекрасните природни снимки.
View this post on Instagram
Притоа, таа ни покажа дека дури и работните обврски можат да изгледаат сосема поинаку кога се придружени со луксузна бања и поглед достоен за секаков восхит.
Нејзината објава на мрежите беше дочекана со голем број позитивни реакции и коментари. Многумина признаа дека со задоволство би ја замениле својата канцеларија со такво „работно место“.
View this post on Instagram
„Божествено“, „Прекрасно“, „Љубоморна сум“, беа само некои од коментарите…