Лишен од слобода крадец во Тетово


kradec-krazba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и седум годишен тетовец  е лишен од слобода по пријава од 45-годишна жена дека во близина на бензинска станица во Тетово и одзел ташна.


Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициски службеници од СВР Тетово  вчера во 13:40 часот во Тетово, го лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово, по претходна пријава од 45-годишна жена од с. Ново Село, дека во близина на бензинска пумпа во Тетово, и одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон.

– Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а по документирање на случајот, против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK