Марк Маркез победи на спринт трката во Арагон


14247071.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на 13-та рунда од овогодинешното Мото ГП првенство.


Деветкратниот светски шампион, остана непоразен на патеката „Моторленд“ на трки откако вози мотоцикл на Дукати, бидејќи го забележа својот трет триумф во спринтот, а има и две победи во главните трки.

На домашен терен, Маркез ја постигна својата петта победа во спринтот оваа сезона, а рекордна 20-та во кариерата.

Победи со секунда предност пред својот помлад брат Алекс, кој ги брани боите на Гресини. Возачот на Априлија, Марко Бецеки, кој ја освои пол-позицијата претходно во текот на денот, беше на третото скалило на подиумот. Италијанецот заврши две секунди зад бранителот на титулата.

Борбата за спринт победата во Арагон беше решена практично на стартот, постариот Маркез го презеде водството, помладиот Маркез го искористи фактот дека Бецеки отиде малку пошироко и го помина. Од тој момент, возачот на Дукати ја контролираше разликата, Бецеки повремено му се закануваше на Алекс, меѓутоа, немаше вистинска можност да го загрози, веројатно поради поинаква стратегија, бидејќи избра мека задна гума.

Најдобар од останатите беше Педро Акоста од КТМ Рејсинг, по одличната борба со Хорхе Мартин на втората Априлија, по што следеше неодамна закрепнатиот Фермин Алдегер од Гресини. Седмото место го освои возачот на ЛЦР Хонда, Диого Мореира, а Раул Фернандез од Тракхаус ги заокружи освојувачите на бодови.
Мартин води во генералниот пласман со 245 бода, 29 повеќе од Бецеки и 33 повеќе од Маркез, кој го престигна Огура, кој ја пропушта трката во Арагон поради скршеница на палецот заработена за време на тренингот во Јапонија.

Големата награда на Арагон се вози во недела во 14 часот, а програмата на патеката „Моторленд“ започнува три часа порано.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK