Центарот за управување со кризи информира дека денеска, 29 август 2026 година, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор.
Од нив, седум пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати.
Активни пожари се регистрирани на територијата на општините:
Студеничани и Зелениково – меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград во правец на Преслап, каде што гори мешана шума.
Сарај – на потегот Копаница–Радуша, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Јегуновце – кај село Копанце, каде што гори мешана шума.
Чашка – над село Нежилово, на местото Сватови, каде што гори ниска вегетација и единечни дрвја.
Градско – кај село Виничани, во близина на турските гробишта, каде што се зафатени ниска вегетација и дрвја.
Куманово – кај Агино Село, каде што гори ниска вегетација.
Прилеп – кај село Витолиште, на местото Рамна Нива, каде што гори ниска вегетација.
Пожарот што е под контрола се наоѓа на подрачјето меѓу општините Гостивар и Македонски Брод, кај село Трново, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Во текот на денот се регистрирани и два изгаснати пожари – во село Црнилиште, Општина Долнени, каде што горела ниска вегетација, и во село Бориево, Општина Босилово, каде што пожарот избувнал на депонија.