Црвена звезда се самоуништи во Плзењ, Букари анти херој


screenshot-2026-08-27-214123.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот шампион Црвена звезда доби уште една шлаканица во европските купови. Откако од Хапоел Бершева испадна од Лигата на шампионите, вечерва на аматерски начин доживеа елиминација и од Лигата на Европа.


Во Плзењ, Црвена звезда отпатува со предност од 3:0, испадна по продолженијата и поразот од 5:1.

Имаа црвено-белите се на своја страна до 53-та минута, резултат од 1:1, кога Букари направи глупост, поради која навивалите на социјалните мрежи бараат тој да биде избркан од клубот. Без потреба уди противнички играч и доби црвен картон.

Со играч помалку Викторија издоминира и избори продолженија.

Матеус, голманот на Црвена звезда одбрани пенал при 1.1, но никој не очекуваше дека до крајот на регуларниот дел сидијата Макели уште два пати ќе покаже на белата точка за домашниот тим.

Третиот пенал го досуди во 93-та минута и ќе предизвика полемики, дали дуелот на Чам и голманот на Викторија беше за најстрога казна.

Откако изборија продолженија, јасно беше дека играчите на Викторја ќе одат понатаму, а голот за 5:1 го постигна Крчик во 96-та минута.
Викторија ќе игра во Лигата на Европа, а Црвена звезда продолжува во Конференциската лига.

Foto/ Peđa Milosavljević/Starsport

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK