Арина Сабаленка се појави на овогодинешниот УС Опен во проѕирен мрежест фустан од Најк, но најголемо внимание привлече скапиот накит што го носеше. Белоруската тенисерка носеше светло портокалов спортски градник и шорцеви под фустанот со бели детали, а настапуваше на теренот со Новак Ѓоковиќ. Накитот што го носеше содржеше повеќе од 127 карати скапоцени камења, пишува Page Six.
View this post on Instagram
За нејзините модни комбинации на големите турнири се грижи њујоршкиот бренд Material Good, со која тенисерката соработуваше и на посебна колекција. За Отвореното првенство на САД, таа избра ѓердан, нараквица и висечки обетки украсени со повеќе од 127 карати разнобојни скапоцени камења.
„Дизајнерските елементи се инспирирани од шарениот дух и препознатливата енергија на Њујорк, неговиот карактер и сила. Користевме скапоцени камења од целиот свет, што го одразува мултикултурното наследство на Њујорк и неговата улога како град каде што се среќаваат различни култури“, објави брендот за колекцијата, наречена „Silhouette Suite“.
View this post on Instagram
Сабаленка носеше скап накит на претходните Гренд слем турнири. Во мај, таа носеше повеќе од 125 карати гранати од истиот бренд на Ролан Гарос, а црвената боја на камењата беше поврзана со бојата на париската почва на терените. На Вимблдон во јуни, таа носеше смарагден комплет инспириран од тревните терени, како и каменот поврзан со нејзиниот хороскопски знак.
View this post on Instagram
Тенисерката стана првиот амбасадор на брендот Material Good во јануари. „Накитот е мојот начин да се изразам, на теренот и надвор од него. Ова партнерство е природен чекор во развојот на мојот стил“, изјави таа во тоа време. „Соработката со брендот Material Good ми овозможува дополнително да ја покажам мојата креативност и да го комплетирам мојот изглед со накит што го одразува мојот стил“, додаде таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram