Синер без тренинзи најмалку до 6 септември


depositphotos_810323612_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јаник Синер ќе мора да паузира уште некое време. По новите прегледи на десното колено, на тенисерот број еден во светот му е препорачана целосна пауза од тениските тренинзи барем до 6 септември, додека Италијанецот продолжува со закрепнувањето од проблемот поради кој го откажа настапот на Отвореното првенство на САД.


Новите информации за здравствената состојба на Синер не се баш онакви какви што се надеваа неговите фанови. Италијанецот беше подложен на нови прегледи во Торино, а лекарите препорачаа да не тренира барем до 6 септември. Според информациите од италијанските медиуми, нема руптура, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно заздравено.

„Газета дело Спорт“ наведува дека резултатите од прегледот го навеле Синер целосно да се одмори во текот на оваа недела, а не е исклучено периодот без тренинзи да биде продолжен и во текот на следната.

Во последните недели, Италијанецот редовно одеше во „J Medical“ во Торино, каде што беше подложен на физиотерапија, вежби и третмани со ударни бранови. Проблемот се појави за време на подготовките по Вимблдон и се претпоставува дека е резултат на преоптоварување.

Повредата веќе го чинеше Синер настап на последниот Гренд слем во сезоната. Светскиот број 1 потврди на 21 август дека нема да игра на Отвореното првенство на САД, кое започнува на 30 август.

Претходно, тој се повлече од Мастерсот во Синсинати поради проблеми со коленото.

Синер не одигра официјален натпревар од финалето на Вимблдон, кога ја освои петтата Гренд слем титула во кариерата. Доколку закрепнувањето оди според очекувањата, Италијанецот треба да се врати на натпреварување на турнирот во Пекинг, кој започнува на 30 септември.

Повредата го запре Синер во средината на извонредната сезона. Италијанецот освои шест титули во 2026 година, вклучувајќи пет Мастерс – Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид и Рим.

Круната на сезоната пристигна на Вимблдон.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK