Во Гевгелија измерени максимални 40 степени, утре сончево и топло со услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови


depositphotos_811385212_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на Попова Шапка се измерени максимални 23 степени, на 29 Маврови Анови, 30 во Крушево, 31 во Претор, 32 во Берово, 33 Охрид, 34 Крива Паланка, Прилеп, 36 Тетово, Битола, Виница, Штип, 38 Струмица, Скопје Петровец, Велес, Скопје Зајчев Рид, Кавадарци, 39 Демир Капија, до максимални 40 сгтепени во Гевгелија.


ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во западните делови и во некои планински предели имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK