Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.
Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром.
„Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.
Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици“, соопшти Општината Аеродром.