(Видео) Филипче ги повика граѓаните на мобилизација: Да го спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри


filipce-2026-08-25-134401.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео повика на мобилизација за, како што вели, да се спречи Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри.


„Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити. Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата центар. Работат „под радарот“, како што кажаа и јавно. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се повлече од дневен ред“, рече Филипче.

Но, додаде тој, тоа не значи дека власта се откажала од идејата.

„Затоа повикувам на национална мобилизација да спречиме водата и струјата да паднат во раце на профитери на грбот на народот. Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. Да се богатат блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните. На крајот кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки. Кој ќе нема вода? Граѓаните. Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува“, вели Филипче.

Тој истакна дека СДСМ е прва која јасно се спротивставила на ставањето на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта.

„Грабежот мора да се прекине додека не е доцна, да се спаси водата и струјата. Ги повикуваме сите советници во Советите ширум државата да се обединат и да спречиме водата и струјата да падне во раце на профитери на грбот на народот. Мораме да го запреме ова зло што ни се подготвува. Можеме само сите заедно. Да покажеме дека во вакви моменти можеме да бидеме сложни. Кога веќе ги немаме механизмите на власта, можеме да имаме граѓански отпор – отпор кон оваа криминална власт. Ако денес не го направиме тоа, утре ќе биде доцна. Ги повикувам и сите граѓани. Мораме да ги запреме дата-центарите“, рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK