Крај на летото и враќање во градскиот метеж: 5 корисни трикови со Galaxy Z Flip8 и Watch9 за подобро секојдневие


samsung_214-lifestyle-product-galaxy-zflip8-zfold8-ultra-zfold8-watch-ultra2-watch9-2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Крајот на летото со себе го носи оној препознатлив градски ритам: преминот од лежерни попладневни кафиња и викенд-патувања кон згуснати деловни календари и нови обврски. Во овој преоден период, технологијата што ја користиме треба да биде полесна, паметна и подготвена да фати чекор со сите дневни обврски.

За да ги искористите последните сончеви денови на најдобар начин, еве 5 практични трикови како комбинацијата од Galaxy Z Flip8 и Galaxy Watch9 може да ви го поедностави животот.           


  1. Совршени фотки без статив и без нагаѓање

Зајдисонцата на крајот од летото нудат одлично светло за фотографии, но мачењето со агли или барањето помош од минувачи често знае да го расипе моментот.

  • Практичен трик: Свиткајте го Z Flip8 под агол од 90 степени и поставете го на која било рамна површина — маса, раб или хауба од автомобил. Со вклучување на опцијата Dual Preview на надворешниот екран (FlexWindow), сите во кадарот гледаат како изгледа сликата во реално време. А благодарение на главната камера од 50 MP, добивате одлични фотографии со кристална прецизност.

  

  1. Сликање од далечина со еден допир на часовникот

Сакате спонтана летна фотографија со целото друштво во парк или на тераса, а нема кој да ве слика?

  • Практичен трик: Поставете го Z Flip8 на соодветно растојание и отворете ја апликацијата за камера на вашиот Galaxy Watch9. Екранот на часовникот станува ваш монитор: можете да го проверите кадарот, да зумирате и да го активирате тајмерот со еден обичен допир на китката.

  1. Брзо “чистење“ на летните спомени

Кадрот од летната прошетка е одличен, но во позадина се појави несакан детаљ или случаен минувач?

  • Практичен трик: Нема потреба од комплицирани апликации за обработка. Со вградената функција AI Photo Assist на Galaxy Z Flip8, едноставно заокружете го несаканиот објект директно на екранот. Вештачката интелигенција го отстранува за момент и природно го пополнува просторот. 
  1. Помалку скролање, повеќе уживање во моментот

Крајот на летото бара подобра организација на времето, но тоа не значи дека треба цело време да бидеме залепени за екранот.

  • Практичен трик: Со дебелина од само 6,1 mm и тежина од едвај 180 грама, Flip8 е исклучително компактен кога е затворен. За време на состаноци или кафе со пријателите, чувајте го затворен – ги добивате сите важни известувања на надворешниот екран или преку Watch9, со што избегнувате непотребно скролање и останувате присутни во разговорот. 
  1. Паметно враќање во форма (Energy Score)

Враќањето кон редовните тренинзи по летниот одмор бара постепено прилагодување.

  • Практичен трик: Носете го Galaxy Watch9 додека спиете. Новите BioActive сензори го следат квалитетот на сонот, пулсот и температурата. Уште со утринското кафе, функцијата Energy Score ви дава точен увид во вашите физички резерви, помагајќи ви подобро да ги распоредите обврските и тренинзите за денот.

Сè што треба да знаете пред купувањето: Бои, пренос на податоци и дополнителни поволности

Ако планирате да се подновите со некој од новите уреди, Samsung подготви неколку одлични поволности кои го олеснуваат преминот и носат дополнителна вредност:

  • 6 месеци бесплатен Google AI Pro + 5 TB простор: Сите кои ќе го купат новиот Galaxy Z Flip8 уред добиваат подарок во вредност од 6.525,10 денари! Ова значи еден куп простор за вашите фотки и видеа, заедно со најнапредните AI алатки.
  • Префрлањето од друг уред и/или друг оперативен систем никогаш не било полесно: Со новиот Smart Switch, само скенирајте го QR-кодот од вашиот стар уред и сите фотки, пораки, лозинки, па дури и eSIM картичката се префрлаат безжично. Плус, споделувањето фајлови со пријатели што користат уред со друг оперативен систем сега оди беспрекорно благодарение на компатибилноста на Quick Share со AirDrop.
  • Бесплатен Strava Premium: Со секој нов Galaxy Watch9 добивате 60 дена гратис Strava Premium за следење на сите вашите спортски активности. 

Кога и каде?

Новите уреди веќе се во продавниците на продажните партнери на Samsung! Одберете Z Flip8, достапeн во графитна и крем боја, или пак одлучете се за супер стилската нијанса – Розова. Часовникот Galaxy Watch9 можете да го изберете во големина од 40 мм, во крем и графитна нијанса, или 44 мм, во сребрена и графитна.

За крај, независно дали барате компактен телефон што го собира во секој џеб или брз начин за снимање содржини без дополнителна опрема, спојот на Galaxy Z Flip8 и Galaxy Watch9 нуди вистински баланс меѓу модерна естетика, ефикасност и секојдневна практичност.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK