Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Холандија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот, актуелен шампион, ја забележа 13-та победа во кариерата, втора оваа сезона.
Норис беше 11,5 секунди пред Кими Антонели во Мерцедес на целта, додека вториот возач на германскиот тим, Џорџ Расел, го освои третото скалило на подиумот.
Британецот беше помалку од секунда пред поранешниот тимски колега Луис Хамилтон во Ферари во борбата за подиумот. Зад него се пласираа Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Лијам Лосон, Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.
Покрај шампионското возење на Норис, трката ја обележа инцидентот во третиот круг, кога фаворитот на домашната публика, Макс Ферстапен, ја изгуби контролата на патеката што се сушеше, удри во заштитната ограда и го искрши својот болид.
Max Verstappen crashes out at Zandvoort 🎥
Here’s what happened 👇#F1 #DutchGP pic.twitter.com/cu1R80ISZv
— Formula 1 (@F1) August 23, 2026
Тој инцидент доведе до застој што траеше околу 20 минути, а центарот на вниманието за време на трката од 72 круга беше дуелот помеѓу Норис и Антонели.
Антонели сега е на чело на генералниот пласман со 242 бода, а по него се Расел и Хамилтон со по 183.
Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Италија во Монца од 4 до 6 септември.
Foto/ EPA