Спринт трката во Зандворт за Џорџ Расел


depositphotos_743295734_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1.


Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот на титулата Ландо Норис, кој беше повеќе од две секунди зад него.

Иако облаците од дожд се движеа кон Зандворт околу пладне, врнежите пристигнаа на самиот крај од спринтот.

Спринтот не донесе никакви возбодувања, Расел го презеде водството од самиот почеток и без проблеми ја зачува својата позиција.

Единственото возбудување беше видено во борбата за второто место, во која Леклер, благодарение на различен избор на гуми, успеа да го надмудри Норис на седум круга до крајот.

Актуелниот шампион зад воланот на Мекларен беше под притисок и од Кими Антонели од моментот кога Леклер го престигна, но лидерот во генералниот пласман немаше вистинска можност да нападне.

На крајот, Норис и Антонели беа одвоени за помалку од четири десетинки, а најдобар меѓу останатите беше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред миленикот на домашната публика, Макс Ферстапен. Освојувачите на поени ги комплетираа возачот на Ферари, Луис Хамилтон, и Пјер Гасли во автомобилот на Алпин.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK