Трагедија над Велебит: Две лица загинаа во пад на ултралесен авион


hrvatska.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој вчера попладне исчезнал од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталото и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапен предел на Националниот парк Пакленица.


Во големата операција за пребарување учествувале околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС).

„Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле остатоци од ултралесен авион и, за жал, во авионот се пронајдени две тела“, изјави Петар Прпиќ од ХГСС.

На прашањето дали силната бура која вчера зафати делови од Хрватска можела да биде причина за несреќата, Прпиќ рече дека не сака да шпекулира за причините за падот, но потврди дека временските услови биле лоши.

Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопшти дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE, кој летал од Чешка кон Задар, бил изгубен вчера во 16:14 часот, на околу 17 наутички милји североисточно од Задар.

Причините за несреќата допрва треба да бидат утврдени, а надлежните служби ќе спроведат истрага за околностите под кои дошло до падот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK