До 15 отсто поевтин училишен прибор: Влен предлага повторно воведување на „училишната кошничка“


uciliste-aleksandar-makedonski-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почетокот на новата учебна година носи радост за учениците, но и дополнителни трошоци за семејствата. Со цел да се намали финансискиот товар за родителите, Влен, преку министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со која се предвидуваат попусти до 15 отсто за училишниот прибор, се наведува во соопштението од Влен, кое МИА го објавува интегрално.


Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година.

Од Влен велат дека станува збор за уште една конкретна мерка на партијата во Владата, насочена директно кон граѓаните и нивните секојдневни потреби.

„Наместо празни ветувања, фокусот е ставен на конкретни решенија кои ги намалуваат трошоците на семејствата и им обезбедуваат поддршка тогаш кога таа им е најпотребна“, се наведува во соопштението.

Производите опфатени со мерката ќе бидат јасно означени во продажните места, а попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка.

„Затоа што вложувањето во децата и младите е вложување во иднината. Создаваме подобри услови за учење, повеќе можности за развој и генерации кои утре ќе ја градат иднината на нашата земја“, додаваат од Влен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK