Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем).
„Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата посветеност и придонес кон клубот во текот на изминатите 16 години и му посакуваат се најдобро во следната фаза од неговата кариера“, соопшти Ливерпул.
Џонс одигра 228 натпревари за Ливерпул, постигнува 22 гола.
Интер плати 30 милиони евра за Џонс плус пет милиони во бонуси. Покрај тоа, Ливерпул има 10 проценти од следната продажба.
Foto/ Depositphotos