Фудбалскиот клуб Тотенхем го договори трансферот на Савињо од Манчестер Сити.
Крилниот напаѓач пристигнува за околу 87,5 милиони евра, плус околу 11.000.000 потенцијални бонуси.
Савињо (22) во текот на денот ќе треба да ги помине медицински прегледи и потоа ќе потпише повеќегодишен договор со Спарс.
Бразилецот беше желба на тимот од Северен Лондон и минатата година, но остана на „Етихад“, и покрај малата минутажа кај Пеп Гвардиола.
Роберто де Зерби со тоа дополнително го засили офанзивниот дел од тимот, откако Матеус Фернандес и Сандро Тонали пристигнаа за вкупно 185.000.000 евра.
Клубот нема да застане на овој трансфер, следен е соиграчот на Савињо, Омар Мармуш.
Исто така, како што тврдат англиските медиуми, Тотенхем и понатаму се заинтересирани и за Коди Гакпо од Ливерпул.
Foto/ Depositphotos