Пожарникари од Скопје ќе помагаат во гаснење на пожарот во Мариово, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни. Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува Македонија. На барање на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, без двоумење и веднаш испраќаме помош“, објави Ѓорѓиевски.