„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски.
„Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати.
Дезинсекција против ларви:
– 7 мај – авионска дезинсекција
– 11 јуни – авионска дезинсекција
– 26 јуни – теренска дезинсекција
– 10 јули – авионска дезинсекција
– 23 јули – теренска дезинсекција
– 11 август – теренска дезинсекција
Дезинсекција против возрасни форми на комарци:
– 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
– 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
– 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
– 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
– 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
– 4 и 6 август – теренска дезинсекција
Дополнително, до крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци. Надвор од редовните прскања, направени се три прскања по индикации. Две во Драчево и една во Гази Баба.
Паралелно се работи и на лоцирање на застоени води, бидејќи во основа она што е потребно во моментот, е прскањето од земја, а не друг тип на прскање.
Се што е во рацете на надлежните институции, тоа и се презема. Од СДС освен обвинувања и демагогии друго и не очекуваме. Затоа и се онаму кај што се“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.