Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија


stoilkovik-pamer-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија.


На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот развој и јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа. Во рамки на разговорот беше презентиран и проектот за развој на пожарникарството, при што беше потенцирана важноста од поддршка за неговата имплементација, особено во насока на унапредување на капацитетите на пожарникарските служби во рамките на локалните самоуправи и размена на искуства и добри практики.

Министерот Стоилковиќ ја истакна важноста на поддршката што Австрија континуирано ја дава на европската перспектива на РС Македонија и на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики може дополнително да придонесе кон унапредување на работата на локалната самоуправа.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и за идентификување нови можности за конкретна соработка во интерес на граѓаните и локалните заедници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK