Акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар: пронајден златен накит без жиг во вредност од 86.959 евра


zlatarnica-depositphotos_692380050_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар.


При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм и 327 грама златен накит, со проценета вредност од околу 86.959 евра за понатамошна постапка која ќе ја води Државниот пазарен инспекторат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK