Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.