Над 250 учесници на бесплатната обука на dm и „Матрона“ посветена на психичките промени во бременоста и по породувањето


DM_Matrona obuka_03424231
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 250 учесници беа дел од бесплатната онлајн обука што dm drogerie markt и Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“ ја реализираа на 18 август во рамки на „Караванот на мајчинство“. Овојпат, во фокусот беше една исклучително важна тема за идните и новите мајки – психичките и емоционалните промени во текот на бременоста и периодот по породувањето, како и начините за полесно справување со нив.

На темата „Психички промени во текот на бременоста и по породувањето – што може да очекуваме и на кој начин може да се поддржиме?“ зборуваше м-р Марија Стојкоска Василевска, психолог, која на учесниците им понуди стручни информации и практични насоки за различните промени што можат да се појават во овој значаен животен период.


Покрај едукативниот дел, сите учесници добија и ваучер за 15% попуст на производите од dm марката babylove, како дополнителна поволност од dm за идните и новите родители.

Во текот на обуката беше посветено внимание на начините на кои жените можат да се поддржат себеси во процесот на приспособување кон мајчинството, но и на значењето на поддршката од партнерот, семејството и најблиското опкружување. Присутните имаа можност подобро да се запознаат со чувствата, искуствата и предизвиците што можат да го придружуваат периодот на бременоста и по породувањето и да добијат стручни насоки за нивно полесно разбирање.

Посебен акцент беше ставен на грижата за психичката благосостојба на жената, како важен дел од целокупната грижа во текот на бременоста и по раѓањето на детето. Отворениот разговор, навременото информирање и достапноста на релевантни стручни информации можат да им помогнат на жените подобро да ги препознаат сопствените потреби и промените што ги доживуваат во периодот на премин кон мајчинството.

Обуката е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел на мајките, идните родители и семејствата да им овозможат бесплатен пристап до стручни информации и едукација за теми важни во различните фази од родителството.

Годинешното издание досега опфати повеќе онлајн обуки и едукативни средби во живо, на кои беа обработени теми како дохраната на бебињата, спиењето и навиките кај децата, раниот моторен развој, пренаталната едукација и грижата за новороденчето, како и правилната исхрана и оралната хигиена кај трудниците и децата.

Преку „Караванот на мајчинство“, dm и „Матрона“ продолжуваат да отвораат теми важни за мајчинството и родителството и да ги доближуваат стручните и релевантни информации до оние на кои им се најпотребни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK