Четири лица беа убиени, а уште четири други беа ранети во напад со руски дрон врз автобус во јужниот украински град Херсон утрово, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител.
Зеленски: Нормален човек не може да го замисли ова
„Според прелиминарните информации, четири цивилни патници беа убиени во нападот“, соопшти канцеларијата, додавајќи дека автобусот се движел по улица во град кој често е цел на руски воздушни напади.
Се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Суровото руско сафари што Русија го спроведува против населението на Херсон одамна ги надмина границите на она што нормален човек може да го замисли.
Ова е реалноста на секојдневниот живот на украинските фронтови. Додека нашите партнери се двоумат за дополнителни испораки на одбранбена опрема, Русите одамна полудеа. Потребен е притисок врз агресорот. Потребна е поддршка за оние кои ги бранат животите“, рече тој.
The vicious Russian “safari” against our people in Kherson has long gone beyond anything a normal person could imagine.
This morning, the Russians struck an ordinary minibus in Kherson with an FPV drone. Four people were killed and five others were wounded. All necessary… pic.twitter.com/kjZ4Oag0o3
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2026
Градот Херсон, кој пред војната имаше население од приближно 280.000 жители, беше под руска контрола од март до ноември 2022 година.
Руските сили редовно го напаѓаат Херсон, а делови од регионот остануваат окупирани.
Повеќе од четири години откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, воздушните напади се интензивираа, што резултираше со растечки број цивилни жртви.