Вработен во банка во Гевгелија украл околу пет милиони денари и над 63.000 евра од сметки на двајца корисници


denari-pari-780x470-640x386-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.


Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK