Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.