Висок функционер на ФИФА доби отказ откако јавно го критикуваше Инфантино


screenshot-2026-08-18-115352.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори.


Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во ФИФА преку електронска пошта.

ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17. август 2026 година.

„ФИФА може да потврди дека работниот однос помеѓу ФИФА и Кевин Ламур, како главен оперативен директор на ФИФА, завршил на 17. август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговите две години служба и му посакува се најдобро во иднина. Нема да има понатамошни коментари за ова прашање“, се вели во соопштението на ФИФА.

Ламур претходно остро го критикуваше планот на Инфантино откако беше откриен проектот.

Францускиот функционер потоа рече дека администрацијата на ФИФА била измамена и дека претседателот на организацијата верувал дека тој е „олицетворение на ФИФА“ наместо да биде во нејзина служба.

„Ако тоа значи дека ќе ја изгубам работата, нека биде така. Ќе ја разберам и почитувам таа одлука. Барем мирно ќе спијам“, рече Ламур.

Функционерот, изјавата ја даде пред контроверзниот предлог да биде повлечен на 31. јули.

Пред да се приклучи на ФИФА, Ламур работеше во УЕФА, каде што ја имаше функцијата заменик-генерален секретар од 2007 година.

Во тој период, тој тесно соработуваше со Инфантино, кој тогаш беше генерален секретар на европската фудбалска организација.

Заминувањето на Ламур доаѓа во време кога Инфантино е под зголемен притисок од јавноста и разни фудбалски организации откако повлече план за вклучување на приватни инвеститори во организацијата на Светското првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK