Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со пожарот на Жеден кај Јажинце


stojance.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.


Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои  движењето е тешко.

-Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку точки, каде што имаме намера да го пресечеме и да не дозволиме негово ширење. На тој начин ќе воспоставиме делумна контрола, а можеме до крајот на денот и целосна контрола на овој тежок за гаснење пожар – изјави Анеглов.

Ангелов, исто така, изрази голема благодарност до тројцата многу храбри пилоти на ДЗС, кои, како што нагласи, секојдневно се на работа и пожртвувано летаат ниско над пожарите со намера да ги изгаснат и на тој начин да им помогнат на македонските граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK