Татко му се заканувал на синот со остар предмет


Скопјанец-ја-нападнал-невенчаната-сопруга-и-и-се-заканил-со.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово.


Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет.

Ш.И. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK