Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град, информира УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.