Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината Кожуф, додека Д.Т. (62) од Кавадарци, вработен во Шумско стопанство Гевгелија, сечел дрва, едно од дрвјата паднало врз него.
Од здобиените повреди тој починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.