Бузалковски се враќа со три трети места од ФИМ Европскиот Шампионат во Италија!


buzalkovski-it-trka.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изминатиот викенд се возеа 7 и 8 мата трка од ФИМ Европскиот шампионат на кружни патеки а домаќин овој пат беше легендарната WSBK патека крај Кремона – Италија!


Нашиот представник Христијан Бузалковски успеа да оствари одличен резултат и да го освои третото место на двете трки во класата СуперСток 1000!

„Овој викенд беше еден од повозбудливите за мене бидејќи прв пат возев на оваа патека , но од самиот старт успеавме добро да се снајдеме и да направиме добар сетап на моторот! Уште во четвртокот на неофицијалните тренинзи возев во потврда смеса на пневматици што ми даде многу добар филинг со моторот и знаев дека чим ќе дојде редот на помеките смеси на пневматиците ќе бидеме уште побрзи!

Успеавме да се пласираме на подиумот на третото место , иако имавме можност да се бориме за втората позиција , сепак конкурентот пред нас имаше добро темпо и успеа на крајот да заврши 1.2сек пред мене , но кога ќе го земеме во предвид и претоплото време и високо екстремните температури , може да се каже дека овој е еден од поуспешните викенди оваа сезона!

Огромна благодарност да сите мои спонзори , министерството за спорт , сите фанови и пријатели! Сега фокусот е на следната трка во Словачка за еден месец , а до тогаш треба да се подготвиме уште подобро! Со Господ напред“, порала Бузалковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK