Николоски на средба со претставници на една од најголемите туристички групации во Европа: „Постои потенцијал за нови инвестиции“


6046.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“.


Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот.

На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата.

„Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски.

„Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации.

Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта.

Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво.

На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK