ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата за знамето: На СДС му смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше


proslava.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето од СДСМ дека на вчерашниот концерт за 35 години независност било погрешено македонското знаме.


„Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема кредибилитет да говори за понижување. Партијата која го избриша АСНОМ од Уставот, која вели дека Македонија постои од 1944 година, која вели дека сме биле Бугари пред тоа, е лицемерно да зборува за понижување. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. Нам тоа ни е јасно, затоа што тие се политички глодари и лешинари кои не сакаат Македонија да оди напред. Години и години ќе ни требаат да ја поправиме штетата што вие, талогот на општеството, со децении и ја правите на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK