Во Охрид почнува „Силно светнал ден“ – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи


767020154_912900938530144_7980366765152489446_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стадионот „Билјанини Извори“ вечерва станува сцена на која Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи ќе ја раскажат приказната за Македонија низ музика, театар, поезија и современ сценски израз.


Влезот е слободен.

Во центарот на „Силно светнал ден“, во режија на Дејан Пројковски, е Игор Џамбазов, како главен лик, домаќин и раскажувач кој ја води публиката низ различните времиња и генерации.

Сценариото започнува со едно навидум едноставно прашање: како се пишува песна за Македонија?

„Од тој генерациски музички предизвик се отвора патување низ македонската културна и колективна меморија – од Блаже Конески, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев, преку македонската книжевност и големите музички рефрени, до хип-хопот, новите генерации и младите луѓе на кои им припаѓа иднината“, велат од Авалон продукција.

На сцената во Охрид ќе настапат Тамара Тодевска, Пере Нокаут, Игор Дурловски, Пеце Суперхикс, Бојана Скендеровски, Бранко Николовски, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Дорис Димовска, Андријана Јаневска, Елена Ристевска, Ана Дурловска, Ана Петановска, Драган Мијалковски, Димитар Андоновски, Дарко Гроздановски, Ружица Брчиоска, Таско, Next Time, Тони Зен, Young Dadi, Лина Пејовска, Марија Спасовска и Мина Блажев.

„Нивните различни генерации, жанрови и музички јазици се дел од самата идеја на спектаклот: 35 години да не бидат претставени како хронологија, туку како жива приказна во која минатото разговара со сегашноста“, велат организаторите.

Програмата на стадионот „Билјанини Извори“ започнува во 19:30 часот со DJ сет, а официјалниот музичко-сценски спектакл започнува во 20:30 часот. Влезот е слободен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK