(Видео) Повеќе од 15 часа борба со пожарот на депонија во Крива Паланка, градоначалникот очекува огнот до вечер да биде изгаснат


pozar-kriva-palanka.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот.


Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце.

„Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со вода потебна е поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.

Тој кажа дека жителите на градот  во текот на денот ќе чувствуваат непријатна миризба и додаде дека очекува до крајот да денот, Општината да се справи со пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK