На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.
Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.