Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг


screenshot-2026-08-08-132430.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра.


По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова лето. Се споменуваше можноста за трансфер во Барселона, но каталонскиот клуб не испрати конкретна понуда.

Најголем интерес покажа РБ Лајпциг, чие раководство одлучи да ја активира неговата откупна клаузула од 25 милиони евра. Лајпциг почна да го спроведува трансферот веднаш откако го продаде Јан Диоманде во Реал Мадрид.

Косовскиот репрезентативец брзо се согласи за личните услови на повеќегодишниот договор со Лајпциг и се чинеше дека се чека само официјална потврда. Сепак, за време на лекарските прегледи, се случи пресвртница.

Раководството на Лајпциг процени дека ангажманот на Аслани би бил преголем ризик поради одредени проблеми што се појавија за време на прегледот и одлучи да го откаже трансферот.

Ова значи дека Аслани нема да му се придружи на Лајпциг и засега останува во Хофенхајм.

Одлуката силно го погоди напаѓачот, кој беше убеден дека трансферот е готова работа. Сега тој мора да се врати на подготовките на својот сегашен клуб. Сè уште не е познато за какви здравствени проблеми точно станува збор, а повеќе информации за состојбата на косовскиот репрезентативец треба да бидат познати наскоро.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK