Манасиевски: „Децата“ на Филипче од Ново Село се осудени насилници и трговци со дрога


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.


Тој обвини дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран.

„’Децата’ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик“, рече Манасиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK