(Видео) Пукање во училиште во Тајланд: ученик уби наставник, потоа се самоуби, неколкумина се повредени


13226483.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку еден наставник е убиен, а четворица други се повредени откако ученик отвори оган во училиште во Тајланд, северно од Бангкок, пред да се самоубие, соопштија властите.


Потполковникот Дечрапи Конгди, командант на полицијата во покраината Нонтабури, ги потврди жртвите во изјава за Ројтерс и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и тројца ученици, додаде тој.

Инцидентот се случил во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како ученик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK