Хали Бери ужива во жешкото лето и се труди да ги направи работите уште пожешки со провокативни фотографии…
Познатата актерка Хали Бери (59) е позната по своите провокативни снимки на кои не се двоуми да го покаже своето голо тело. Оскаровката спакува разновидни плажни комбинации за одморот на Фиџи со својот вереник Ван Хант, но се чини дека не носела ниту една од нив…
View this post on Instagram
Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот, една од многуте на кои го прикажа своето идилично патување.
View this post on Instagram
Хали Бери обожава да ги истакнува сите свои адути, а воедно ужива во комплиментите што ги добива на социјалните мрежи, но и лично секогаш кога се појавува на некој настан.
Овој пат, наместо бикини горен дел, актерката ги покри градите со сламена шапка додека уживаше во сонцето.
View this post on Instagram
Во преден план на фотографијата е нејзиниот веренички прстен со дијаманти и сафири, винтиџ дизајн, кој ѝ го подари Ван Хант.
Други фотографии што ги објави минатата недела ја покажуваат како ужива во приватна вечера на плажа со својот партнер, се релаксира на брод и шета по песок.
View this post on Instagram
Дури и мало модно промашување на брегот не ѝ го расипа расположението. Кога ременот од фустанот околу вратот се лизна настрана, таа едноставно ги покри градите со емотикон. Иако, поранешната девојка на Бонд никогаш не се срамела да покаже малку повеќе кожа.
View this post on Instagram