Моделот Лаила Хасановиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, ги плени погледите на една модна ревија. Фотографиите од настанот се проширија низ мрежите, а јавноста беше воодушевена од нејзината убавина.
@nadinevegter O M G !!! this was insane 🥹💞🫰🏻gorgeous @Laila Hasanovic for @OpéraSPORT SS27 at @cphfw <3 #cphfw #copenhagen #lailahasanovic #operasport #fyp ♬ no sir x paper planes – ⃟
Лаила Хасановиќ, позната и како девојка на Јаник Синер, неодамна прошета за брендот OperaSPORT, скандинавска модна куќа која претстави парчиња за сезоната пролет/лето 2027. Брендот е познат по својата комбинација од минималистичка естетика, спортски кроеви и одржлива мода, а најновата колекција беше обележана со цветни мотиви и лелеави кроеви.
View this post on Instagram
Може да се каже дека Лаила совршено се вклопи во естетиката на брендот и дека на ревијата блесна во минималистичка креација. Носеше црно боди на кое додаде лелеава наметка, а забележлив беше и преголемиот син цвет што го красеше горниот дел.
View this post on Instagram
Самата манекенка сподели фотографии од ревијата на Инстаграм. Реакциите на јавноста беа бројни, но повеќето забележаа колку е убава Лаила.
View this post on Instagram
„Колекцијата е инспирирана од растот, со цвеќиња што цветаат по целата должина на пистата и низ целата колекција. Неверојатно сум благодарна што бев дел од толку прекрасна ревија“, рече Лаила заедно со компилација од фотографии.