MG HS го освои првото место во најновото истражување Driver Power 2026, спроведено од автомобилскиот портал Carwow, во кое повеќе од 100.000 возачи ги оценуваа своите автомобили според односот помеѓу цената, квалитетот, доверливоста и трошоците.
Според резултатите од истражувањето, токму MG HS нуди најголема вредност за вложените средства, освојувајќи го првото место во рангирањето.
Сопствениците како негови најголеми предности ги издвоија пространата и комфорна кабина, богатото ниво на опрема, високото ниво на удобност при возење, како и економичноста. Моделот е достапен во хибридна и plug-in хибридна верзија, нудејќи современи технологии и ефикасност.
Врз основа на оценките на сопствениците, мнозинството испитаници се согласи дека MG HS нуди исклучителен баланс помеѓу цената, квалитетот и секојдневната практичност – квалитети што најмногу придонесоа за неговото прво место во истражувањето.
Ова признание уште еднаш ја потврдува посветеноста на MG да понуди модерни, безбедни и технолошки напредни возила кои обезбедуваат врвна вредност за вложените средства. За повеќе информации за MG Motor MK, нашата понуда и продажната мрежа, посетете ја веб-страницата: https://www.mgmotor.mk/
ПР