Модел на вештачка интелигенција создал лажен идентитет и испраќал пораки


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) соопшти дека при тестирање, моделите „Митос“ на компанијата „Антропик“ и „Сол“ на „ОпенАИ“ се обиделе да измамат луѓе за да ги исполнат зададените задачи.


Според Институтот, најсериозниот инцидент се однесувал на моделот „Митос“, кој во рамките на тест од областа на сајбер-безбедноста се обидел да внесе злонамерен код во платформата „ГитХаб“.

За да ги зголеми шансите за успех, моделот создал лажни интернет-идентитети и испраќал пораки, претставувајќи се како вистински лица.

Обидот бил спречен благодарение на човечката контрола, поради што злонамерниот код не бил внесен во системот.

Од „Антропик“ и „ОпенАИ“ соопштија дека условите во кои било спроведено тестирањето не ја претставуваат вообичаената употреба на нивните модели.

АИСИ нагласи дека спорните инциденти биле забележани во мал број случаи и под специфични услови, но предупреди дека ваквото автономно и измамничко однесување бара дополнително внимание.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK