Фудбалски натпревар во Тајланд заврши со трагедија откако гром удри на теренот, при што загина 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, а уште 12 играчи се здобија со повреди и изгореници.
Снимките од натпреварот го покажуваат моментот кога силен блесок го осветлува теренот додека двете екипи играат на силен дожд. По ударот на громот настанале пламен и чад, а играчите и гледачите во паника почнале да бегаат.
Авае останал без свест по ударот. Соиграчите и медицинските екипи веднаш се обиделе да го реанимираат, по што бил пренесен во болница во критична состојба, но подоцна им подлегнал на повредите.
Thai Footballer Sofwan Awae Killed by Lightning Strike Mid-Match
A 24-year-old Thai footballer was killed after being struck by lightning during a match in southern Thailand on Tuesday, August 4, 2026.
Sofwan Awae, a recent signing for third-tier club Yala FC, was playing for… pic.twitter.com/5xxXW4NcDM
— News Picks Daily (@NewsPicksDaily) August 5, 2026
„И покрај сите напори на медицинскиот тим, повредениот им подлегна на тешките повреди“, изјави началникот на полицијата Тун Сирихун.
Несреќата се случила за време на регионалниот турнир „Голок куп“ на стадионот Сантипап во провинцијата Наративат, каде што играле аматерски екипи од Тајланд и Малезија.
Авае неодамна потпишал договор со полупрофесионалниот клуб ФК Јала, кој се натпреварува во третата лига на Тајланд.
Клубот се прости од него со порака на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до неговото семејство.
Тајланд во моментов е во сезоната на монсуните, која трае од мај до октомври и носи чести грмежи и обилни врнежи.