Поминаа десет месеци откако Никол Кидман објави дека се разведува од пејачот Кит Урбан, а бурното раскинување на нивната 19-годишна врска беше објавено од медиумите.
Набргу потоа, новата романса на Урбан (наводно) почна да ги исполнува насловите на таблоидите, додека Кидман го посвети своето време по разводот на своите деца и личната благосостојба.
Сепак, сега ситуацијата многу се промени, бидејќи актерката пронајде нова среќа со бизнисменот Мајкл Рајнштајн, основач и претседател на фирмата за приватен капитал Regent.
Nicole Kidman takes a spin with rumored boyfriend Michael Reinstein in his $340K Ferrari after their trip to Italy https://t.co/OLX84P6Xag
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 31, 2026
Фотографите за странски медиуми ги фотографираа на аеродромот во Лос Анџелес. Бизнисменот наводно пристигнал со автомобил за да ја пречека актерката, која патувала од Њујорк.
Според блиските пријатели на Никол, актерката се фокусира на своите ќерки по разводот и е среќна со својот нов избраник по еден напорен период во нејзиниот живот.
How Keith Urban feels about ex Nicole Kidman cozying up to Michael Reinstein https://t.co/GZXK7uS1KJ pic.twitter.com/Vx90zrdju0
— Page Six (@PageSix) August 3, 2026
Што се однесува до нејзиното поранешно момче, извори блиски до кантри ѕвездата изјавија за New Idea дека Кит Урбан е „целосно скршен“ кога дознал дека неговата поранешна сопруга продолжила понатаму.
Изворот тврди дека фотографиите „силно го погодиле“ и дека наводно се надевал дека двајцата еден ден ќе ја поправат својата врска.